АктуелноЛокално

Нова работничка „заседа од солидарност“

Слично како случајот со „Веибо“ во Крива Планка, работниците од „Зона Трико“ од Виница, откако биле известени за присуство на камиони во фабриката, дошле да го спречат изнесувањето на машините. Фирмата е под стечај и на работниците им нема исплатено 9 плати кои им ги должи веќе неклку години.

„Еве, камиони има тука, товарени машини, газдата никаде го нема. Ние сме засегнати и сакаме да се расчисти случајот. Кривична пријава имаме поднесено, ама ништо, реакција нема веќе два месеци, значи сите се на негова страна, сите го штитат. Испративме писма до сите министерства, наидовме на одѕив само во Министерството за труд и социјала, ни одговорија  и ни кажаа дека ќе се ангажираат, а другите останаа да молчат, не комуницират со нас, немаме никакви сознанија. Меѓутоа, ние не се откажуваме, ќе одиме упорно.“ рече Лилјана Стоименова , работничка од “Зона Трико“.

Друга работничка, Павлина Арсова, изјави: „ Во која фирма се изнесуваат машини во време кога е поведена стечајна постапка? По сите институции одиме и досега никој не се огласи по тие наши барања. Не бараме ништо друго, освен личните доходи да ни се исплатат, тоа е наше право и никој не може да ни ги скратува тие права. И ќе одиме до крај, нема да застанеме на тоа, се додека нешто не се расчисти.“

Од судот има решение дека не смее ништо од фирмата да се изнесува што значи дека ова е обид за кривично дело. Сепак, според вработените, инститциите се на страна на газдата, што е досегашна пракса во Капиталистичка Македонија.