АктуелноЛокално

Родителско-Наставничка солидарност

Второто полугодие започна, но не и во едно одделение во основното училиште „Димитар Поп Георгиев- Беровски“ во општината Ѓорче Петров.

Родителите, незадоволни од тоа што двајца од одделeнските наставници веќе не се на работа откако не им бил продолжен договорот, ја бојкотираат наставата. Тие бараат средба со градоначалникот Александар Наумовски.

Од канцеларијата на градоначалникот со соопштение реагираа дека процедурата е согласно законот – најкористеното оправдување во Македонија.