Свирка на Choix (Москва) во СЦ Дуња

Текстот е превземен од FB настанот.


Не сте фудбалски фанови и се прашувате што ќе правите на 8ми август вечерта кога сите ќе гледаат натпревар? СЦ Дуња има решение за вас – хардкор панк свирка, похардкор од сите англиски фудбалски хулигани 🙂

Ви носиме дечки од Москва, Русија кои имаат бенд по име „Choix“ (ова на француски се чита „шуа“, за руски не сме сигурни). Во Дуња ќе гостуваат за да го промовираат својот албум „Распивање за вашите гревови“. И за да пијат ракија, се разбира, како дел од нивната балканска турнеја.

Choix се панкрок бенд од Москва кој постои од Август 2007 (десет години ќе слават наскоро!). Тој се состои од пет дечки кои имаат што да кажат и сакаат разни музички стилови – реге, ска, панк, ои!, рокенрол, психобили, хардкор итн. Нивните песни се за проблемите во општеството, политика, човечките односи, за нештата кои ги сакаат и нештата кои ги мразат.

Ко по обичај влезот ќе биде на препорачана донација за патните трошоци на бендот – нешто поефтина од хотелските цени за шпанците и англичаните истата вечер.

Еве ги Шуа на бендкемп:
https://choix.bandcamp.com/