АктуелноЛокално

Шест дена пред продажбата на државното земјиште, Општина Карпош префрлила пари на компанијата која го купила земјиштето

Шест дена пред продажбата на државното земјиште за изградба на станбен простор, Општина Карпош префрлила пари на компанијата која го купила земјиштето.

Имено, на 27.01.2021 година, по претходно неуспешниот обид на продажба на државното земјиште, Општина Карпош го отуѓила земјиштето на катастарските парцели КП 6100/2, 6103/1 и 6097/4 во сопственост на Република Македонија. Купувач на земјиштето од 368 метри квадратни на кое има зеленило, а на кое ќе се гради станбен објект е компанијата Топ Билд ДООЕЛ Скопје.

Истата оваа компанија на 21 јануари годинава односно шест дена пред да го купи државното земјиште, од Општина Карпош примила 605.872 денари. Општина Карпош на оваа компанија на 4 декември 2020 година префрлила  2.008.088 денари.

За потсетување, за продажбата на ова државно земјиште со своја реакција излезе и Политичката партија Левица од каде потенцираа дека „Богоев уште еднаш ја покажува стратешката ориентираност кон бетонизацијата и дуизацијата на Општина Карпош.”