Формирана Црвена Младина на Левица
„Со јасна стратегија и структура, нашето движење, ќе дејствува на национално ниво. Како претседател на нашето движење, од страна на редовите на президиумот, избран е Давид Златанов, кој е и основач на Црвена Младина. Покрај дејствијата на национално ниво, Црвена Младина ќе развие мрежа на локални ограноци низ целата територија на Република Македонија. Тие ќе дејствуваат на локално ниво, по населените места – градови, села, населби и сл.
Црвена Младина е движење на млади луѓе со социјалистички идеали како политичка идеологија и водилка кон подобри утра. Свесни за се’ она што ни’ беше одземано во транзицијата, свесни за националната ерозија на секое поле од нашето живеење, ние се заложуваме за враќање на своето и одбивање на туѓото. Нашата заложба во борбата за правда нека биде нашата младост, а нашата цел, преку пробудување на младината од нејзината долговечна хибернација, нека стави крај на денешниот општ дебилизам а нека ја начне иднината како реалност на дел од нашата замисла за утрата кои се’ уште не сме ги проживеале.
Ние повеќе немаме трпение а ниту време, да чекаме и гледаме како пред очи ни’ поминува животот, кој ги гори сите желби и соништа на нашата генерација. Оваа наша генерација, можеби е последната генерација која се’ уште има можност конечно да ја отпочне акцијата за градење на држава, која ќе биде во наша корист, а не за пустите странски дворови и домашни предатори. Овој пат можеби е долг и тежок но, имаме водилка што вреди да се следи – ние на крајот од овој тунел гледаме светло небо.
Ја имаме поддршката од политичката партија „Левица“ како пролетерска и работничка партија. Ние сме нивното неофицијално младинско движење. Се одлучивме за „Левица“, пред се’ затоа што, покрај истите маки ги делиме и истите идеали. Во другарите од Левица единсвено го гледаме жарот и јасната желба и искрената намера за воведување ред во ова безредие
Затоа биди дел од промената.”
Со јасна стратегија и структура, нашето движење, ќе дејствува на национално ниво. Како претседател на нашето движење, од…
Posted by Црвена Младина on Monday, 25 January 2021