АктуелноБиблиотекаИнтернационално

Жени-борци од Виетнам по повод Денот на ветераните

Вчера се одбележа Денот на ветераните и по тој повод објавуваме неколку фотографии од жени-борци кои учестуваа во герила-борбата против американскиот окупатор.

Виетнамските жени беа столбот на отпорот што го победи американскиот империјализам и активно се бореа за ослободување на нивната земја. Тие беа шпиони, информатори, земаа затвореници и беа на фронтот како војници, често пати правејќи го тоа додека се грижат за своите деца и другите членови на семејството.

Од 1964 до 1973 година, најголемата и најмоќната држава во светот, САД, вложи максимален воен напор, вклучувајќи сè освен атомски бомби, во обид да го совлада националното револуционерно движење во оваа мала, рурална земја, и доживеа пораз. САД употреби и хемиско оружје, познато како операцијата “Agent Orange”, со што плодно земјиште и шума со големина над три милиони хектари беше тешко девастирано, при што последиците се чувствуваат и ден денес. Но сепак, организираниот народ предводен од Комунистичката Партија ја совлада воената и технолошка надмоќ на агресорот.