Крмов: Бевме известени за заразениот пратеник две минути пред гласање!

„Вечерва владеачкото (во тој момент уште неизгласано) мнозинство внесе пратеник во Собранието на Република Македонија, болен или сомнителен на Covid-19, само неколку минути пред полноќ! Во непозната просторија само за да гласа. Бевме известени буквално 2 минути пред гласањето за избор на Влада. Неколку работи ме интересираат:

-Ако и болен со треска може да влезе во Собранието зошто тогаш на влез на сите ни мерат температура?

-Дали службите мене или било кого од опозицијата ќе не пуштеа внатре во Собрание, ако имавме температура или било какви симптоми исто како него?

-Ако не, тогаш како е тој пратеник над другите 119 пратеници?

-Дали ако во иднина 2, 5, или 10 пратеника од владејачкото мнозинство заболат од Covid-19 планираат да ни ги носат во Собранието по непознати простории да гласаат, само да се одржат на власт?

Владата му диригира на Собранието што сака и е спремна здравјето на сите пратеници и собранискиот персонал да го стави на ризик само за да продолжи да владее. Се соголивте уште првиот ден!” – објави на својот фејсбук профил пратеникот на Левица, Борислав Крмов.


Вечерва владеачкото (во тој момент уште неизгласано) мнозинство внесе пратеник во Собранието на Република Македонија,…

Публикувахте от Борислав Крмов в Неделя, 30 август 2020 г.