АктуелноИнтернационално

Немири во срцето на Атина – 72 уапсени по нападот со молотови коктели

Во текот на ноќта, атинската населба Егзархија беше сцена на интензивни судири меѓу полицијата и група маскирани лица. Инцидентот започнал околу полноќ, кога напаѓачите фрлале молотови коктели, пиротехнички средства и камења кон локалната полициска станица. Како одговор, полицијата употребила солзавец и шок бомби за да ги растера напаѓачите.

Судирите траеле приближно еден час и резултирале со значителна материјална штета. Според информациите, запалени се 21 возило, од кои пет се целосно уништени. Дополнително, оштетени се една куќа и една продавница. Пожарникарите интервенирале за да ги изгаснат пожарите во автомобилите и корпите за отпадоци.​

Полицијата уапсила 72 лица поврзани со немирите, а еден полицаец е повреден . Грчките власти најавија засилено полициско присуство во областа во наредните денови, додека истрагата за инцидентот е во тек.

Z P

Zvezdanka Pesikj