АктуелноЛокално

Обиени повеќе од 18 шкафови на персоналот на Онкологија – Кој претура на Клиниката во Скопје?

Во само шест дена, два изолирани инцидента на Универзитетската клиника за радиологија и онкологија во Скопје доведоа до обивање на повеќе од 18 шкафови на персоналот, што предизвика загриженост во редовите на здравствениот персонал. Иако се уште не се знае точно што се чувало во шкафовите, дали лични или службени предмети и документација, факт е дека целата ситуација е мистериозна.

Првиот инцидент се случил на 2 април 2025 година, кога лице влегло во собата за персонал и насилно отворило шкафови, но не одзело ништо. Сепак, страната на случајот е необична, бидејќи Клиниката чекаше седум дена за да го пријави инцидентот во полицијата. Вториот случај се случил на 8 април 2025 година на полноќ, кога 17-годишен малолетник насилно ги отворил 18 шкафови на персоналот на Онкологија. Од шкафовите биле одземени пари и други предмети.

Министерството за внатрешни работи потврди дека во случајот се преземаат мерки за расчистување и дека малолетникот бил лишен од слобода. Во присуство на родител и адвокат, од него биле одземени предметите, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, потврдуваат од МВР.

Ситуацијата предизвика дополнителни прашања: кој има пристап до овие шкафови и што точно се случува во просториите на Клиниката за онкологија, која е од витално значење за здравствените потреби на граѓаните? Обивањето на шкафови на такво значајно место и одземениот имот претставуваат сериозен сигнал за неодговорност и недоволна безбедност во институцијата.

Веста е делумно превземена од Слободен Печат