АктуелноЛокално

Пратеничките на ДПМНЕ не го поддржаа продолжувањето на породилното отсуство – Сиљановска и Унијата на жени без став

Во Собранието на Република Македонија, ниту една пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за предлог измените во Законот за работни односи, со кои се предвидуваше продолжување на породилното отсуство.

И покрај значењето на ова прашање за родителите, особено за мајките, од Унијата на жени на ДПМНЕ досега не излегоа со официјален став за продолжувањето на породилното отсуство.

Дополнително, претседателката на Собранието, Гордана Сиљановска-Давкова, засега останува без коментар за оваа одлука, иако прашањето предизвика бурни реакции во јавноста и негодувања поради одбивањето на Предлог измените на Законот на работни односи.

Исто така, и националниот координатор за демографија и млади, Влатко Ѓорчев, не излезе со став за одбивањето на власта да ги поддржи предложените измени, со кои породилното отсуство би се продолжило на 18 месеци и со кои би се подобрила демографската слика во Македонија.

Оваа тема предизвика бурни реакции кај граѓаните, особено меѓу младите семејства, кои бараат подолга заштита и поддршка за родителите во првите месеци од животот на нивните деца.