АктуелноЛокално

(Видео) Левица: ДПМНЕ дрско го одби нашиот амандман за решавање на проблемот со Кочанската депонија

Говор на пратеникот, Борислав Крмов, во однос на поднесениот амандман на Левица кон Предлог-буџетот за 2025 година за решавање на проблемот со депонијата во Кочани која ги труеше граѓаните со канцероген чад повеќе од две години:

„Коренот на проблемот е во проектот помеѓу Македонија и ЕУ, со којшто треба сите депонии да се сведат на 7-8 регионални депонии за преработка на отпад. Регионалната депонија требаше да биде во Свети Николе, но за тој проекти, иако се земени парите од ЕУ, не е ниту започнат бидејќи. За да се фингира наводно работење на проектот – општините Виница, Чешиново – Облешево и Зрновци ги затвараат своите депонии и сметот го депонираат на депонијата во Кочани.

Депонијата во Кочани е раководена од ЈП Водовод, кое претходно било раководено од страна на актуелниот градоначалник Љупчо Папазов во два мандати. Тоа Претпријатие е руинирано и ја нема соодветната механизација, па оттука, истото не може да се справи со ѓубрето од Кочани, а не пак со дополнителни три општини. Од 2021 година, со Одлука на Влада претходноспоменатите три општини депонираат отпад во Кочани и од тогаш таа депонија гори бидејќи Претпријатието нема машини да го третира ѓубрето и тоа намерно се пали за да се направи простор за да се истури ново ѓубре.

Ситуацијата ескалира кон крајот на минатиот месец кога се слуша звук на експлозија, се шири масовно пожарот и се достигнува ниво на неиздржливост. По таа хаварија, кочанчани го блокираат патот кој води до депонијата и не дозволуваат да се депонира отпад од ниту една општина при што поставуваат неколку барања: отповикување на Одлуката на Влада од 2021 година, оградување на депонијата, поставување на камери и соодветна чуварска служба за да не се пали повторно депонијата.“

Имајќи ја предвид ситуацијата на ЈП Водовод во Кочани кое не може да постапи по барањата на жителите – со амандманот Левица предложи пренамена на еден милион евра за конечно да се реши овој проблем, но мнозинството составено од ДПМНЕ и коалицијата го одби амандманот, велат од партијата.