АктуелноЛокално

(Видео) Јанчев: Нашиот левичарски нарав е таков – За сестра се умира

  • Пратеникот од #Левица, Сашко Јанчев, на денешната прес-конференција се осврна и на вчерашниот настан во Собранието, испровоциран од пратениците на ДПМНЕ, поконкретно, од пратеникот Зоранчо Јованчев:

„Вчерашниот инцидент настана за тоа дали премиерот Мицкоски треба да одговара на пратенички прашања и дали конкретно треба да биде повикан или не. Тој веќе беше во салата, беше повикан од нашите членови за опозициски прашања. Во моментот кога настана забуната, пратеникот од Кавадарци од редовите на ДПМНЕ, Зоранчо Јованчев, упати навреди и беше спомната сестрата на Апасиев. Нашиот левичарски нарав е таков – насилство не трпиме!

Мене ми е жал за инцидентот, но беше спомната сестра, а за сестра се умира!

Не сакаме да се случуваат вакви инциденти, но не се плашиме и никогаш нема да премолчиме на вакви реакции и навреди. Не се плашевме кога бевме двајца, не се плашевме во времето на Мијалков, а сега па воопшто не се плашиме.“