АктуелноЛокално

Јовановска: Најголемата катастрофа што му се случи на Градот Скопје е коалицијата „За модерно Скопје“

Излагање на КАТЕРИНА ЈОВАНОВСКА Координатор на советничката група на Левица во Советот на Град Скопје.

На дневен ред на денешната седница на Советот на Град Скопје се најде точка за донација на шест автобуси од страна на УНОПС на ЈСП Скопје.

Ние од советничката група на Левица ќе ја подржиме оваа донација, но апсурдно е кога нешто можеме самите да го набавиме да чекаме донација од некој друг.

Цела година не се изгласува одлуката за набавка на нови еко автобуси, од причина што советничката група на ДПМНЕ не гласа за истата.

Хуманоста е благородна особина и Скопје е Град на солидарноста, но овој пат за среќа на Скопје не му се случи природна катастрофа.

Единствената катастрофа која што му се случи на Скопје изминативе три години е Коалицијата “ЗА МОДЕРНО СКОПЈЕ” предводена од ДПМНЕ, но штетата од нивната меѓусебна војна со нивниот кандидат за градоначалник Данела Арсовска не може да се санира со донација, но ќе се санира на следните избори- истакна советничката Јовановска.