Уапсен Илир Мета

Претседателот на Партијата на слободата Илир Мета е уапсен, потврдуваат извори од СПАК.

Мета е уапсен поради отворен случај од страна на јавното обвинителство на Албанија за корупција и организиран криминал.

Илир Мета беше претседател на Република Албанија од 24 јули 2017 до 24 јули 202 година. Претходно беше премиер од 1999 до 2002 година. Тој беше претседател на Парламентот на Албанија од 2013 до 2017 година. , министер за Европа и надворешни работи и министер за економија, трговија и енергетика.

Пред тоа тој претседаваше со собраниската Комисија за евроинтеграции. Мета го основа Социјалистичкото движење за интеграција (ЛСИ) во 2004 година, денес Партијата на слободата која ја предводи тој.