Настани

Врвни истражувачи на меѓународната конференција за безбедност и геополитика во Скопје

Во организација на Центарот за глобални промени при Филозофскиот факултет на државниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а со логистичка поддршка на Матицата на иселениците од Македонија, на 3 и 4 октомври годинава, во хотелот “Александар Палас” ќе се одржи меѓународна конференција насловена „Кооперативен мултиполарен систем: во потрага по нов светски поредок”.

Центарот обезбеди присуство на врвни научни истражувачи од разни делови на светот. Како воведничари на конференцијата ќе се претстават проф. Радика Десаи од Канада, проф. Ричард Саква од Обединетото Кралство, д-р Јан Оберг од Транснационалната фондација за истражување на мирот и иднината од Шведска и проф. Жанг Веивеи од Кина. Тематските панели кои ќе следуваат опфаќаат широк спектар на најургентни и најсериозни проблеми од областа на меѓународната безбедност, геополитиката и геоекономијата. 

Модератор на меѓуанродната конференција е Тони Милески од државниот универзитет “Свети Кирил и Методиј” во Скопје.

Програмскиот комитет на меѓународната конференција е во состав:
Проф.д-р Билјана Ванковска, од државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје претседател и членовите
Проф.д-р Константин Миноски од државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј” во Скопје, и
Проф.д-р Далибор Јовановски од државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј” во Скопје;

Проф.д-р Џефри Сакс од Универзитетот „Колумбија”,
Проф.д-р Жанг Веивеи од Универзитетот „Фудан“,
Проф.д-р Ричард Саква од Универзитетот „Кент“,
Проф.д-р Радика Десаи од Универзитетот „Манитоба“,
Проф.д-р Јан Оберг од Транснавционалната фондација за иднина и мировни истражувања, и
Проф.д-р Василис Фускас од Универзитетот „Источен Лондон“.

Организационен комитет на меѓународната конференција е во состав проф.д-р Тони Милески, проф.д-р Марина Митревска и проф.д-р Наташа Ангелоска Галевска сите од државниот универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.