(Видео) Исмаил: Власта воведува трет директор во царина

Говорот на Реџеп Исмаил – Хактан на вчерашната тензична седница за воведување ВТОР заменик-директор на Царинска управа:

„Прво сакам да обратам внимание на коментарот на колегата Карапејовски дека ние сме трошеле ресурси тука. Прво вода немаше во салава, претседателката на комисијата очигледно од свој џеп донесе вода, тука никакви други ресурси не трошиме.

Тука сме за да ја информираме јавноста дека се предлага закон за да има трет директор во Царинската управа. Тоа значи дека една негова плата, ќе биде доволно вода за оваа комисија во наредните 4 години. трошењето ресурси е токму обратно, она што вие го правите.

Оттука, ние се одлучивме на филибастеринг за да го спречиме тоа. Очигледно дека не постои слух кај владејачкото мнозинство и жалам што тоа е така. Сега расправаме за дали да има трет директор или не, дури и два директори се многу. Тоа е трошењето на државните ресурси.