Нов „обид за атентат“ врз Доналд Трамп, „атентаторот“ уапсен

Агенти на американската тајна служба пукале на вооружен маж на терен за голф на Флорида.

ФБИ го третира инцидентот со пукање во меѓународниот голф клуб Трамп во Флорида како обид за атентат врз поранешниот американски претседател и републикански кандидат Доналд Трамп.

Федералните агенти истражуваат „што се чини дека е обид за атентат врз поранешниот претседател Трамп“, потврди во неделата ФБИ.

Инцидентот се случил непосредно пред 14 часот по локално време, кога агент на Тајната служба забележал цевка од пушка како се пробива низ оградата околу одморалиштето.

Според шерифот на Вест Палм Бич, Рик Бредшо, агентот во пресрет на заканата, испукал четири до шест куршуми. Осомничениот побегнал од местото на настанот, но подоцна бил уапсен.

Лицето кое е приведено е Рајан Весли Роут, според три извори од органите на редот, цитирани од медиумите. Рут е сопственик на мала градежна компанија на Хаваи и постојано го критикувал Трамп на социјалните мрежи.

Се појавија десетици објави на социјалните мрежи од 2022 година на Рут во кои се изразува сочувство и поддршка за Украина. Додека американските безбедносни агенции допрва треба да ги истражат неговите точни мотиви за наводното таргетирање на Трамп, во повеќе објави на Х (Твитер), Рут рече дека е подготвен да умре во конфликтот со Русија.

Тој, исто така, ги повика своите следбеници да го „запалат Кремљ до темел“, што доведе до медиумски шпекулации дека наводниот обид за напад на Трамп можеби бил поттикнат од позицијата на поранешниот претседател за украинскиот конфликт.

Рут, исто така, ја посети Украина во 2022 година, според видеото и фотографиите што ги направил додека бил таму. Тој минатата година преку својот Фејсбук профил ги охрабри странците да се борат во конфликтот.