АктуелноЛокално

Апасиев: Ако џафери беше мајстор – Гаши е велемајстор за скандали

  • На дневен ред на денешната собраниска седница се најде ИНТЕРПЕЛАЦИЈАТА за спикерот Африм Гаши, поднесена од пратеничката група на Левица. Во прилог излагањето по интерпелацијата на Претседателот Димитар АПАСИЕВ:

„Интерпелацијата ја темелевме на седум основи. Во меѓувреме вие сторивте уште три-четири скандали. Но, за ова со свадбата на Косово, за пеењето Шота на Втори август ќе оставиме да зборува недокваканиот Мицкоски, кој што ја оцени оваа уставна интерпелација како глупава!

За првпат, без преседан, Собранието го направвте центар на анти-секуларни активности. Знаејќи го вмровскиот мајмунџилак, очекував сега во ваша одбрана и апологија, да речат дека можеби е дојдено времето, можеби во Собранието да имаме една соба за крштевки и сунети. Првата повреда е на членот 19 на Уставот, согласно кој верските заедници се одвоени од државата.

Второто е дипломатското правило, прекршувањето на обезбедувањето ВИП личности. За разлика од Џафери, што беше мајстор за скандали, вие го надминавте за 100 дена. Направивте рафали од скандали и станавте велемајстор! Спротивно, дури и на Виенска конвенција, Вјоса Османи одбила да го даде на проверка багажот, а вие сте го пратиле вашиот телохранител, кој отишол таму да спроведува шерифска или улична правда.

Третото е македонскиот јазик. Од конститутивната седница вие перманентно го прекршувате деловникот, затоа што тој не познава давање заклетва на друг јазик освен на македонскиот!

Повредата на државните инсигнии, за кои никој не се замара, а тоа е законот за употреба на грбот, знамето и химната. Пракса која што ја воведе Заев, заедно со ДУИ и која што остана за време на вашата коалиција. Овој системски закон вели дека на објектот (собранието) се истакнува само македонското знаме.

Петата точка е некопатибилноста на функциите кога на Талат Џафери му овозможивте два месеци да биде и пратеник и премиер. Вие прекршивте изрично 4 закони! – Сите наведуваат одредби дека не може да се биде во исто време и премиер и пратеник.

Шестата точка, е анти-непотизмот. Кога приватните интереси превагнаа над јавниот интерес и вашата сопруга ја земавте во непотребната паралелна делегација од шест лица која ја кошташе државата 18 илјади евра во Вашингтон. Го прекршивте начелото на економичност и нашиот етички кодекс, односно за буџетска и финансиска дисциплина!

Последно е перманентното ваше прекршување на деловникот! Роковите за свикување на Седници кои се императивни се пробиваат. Проформа се координациите, во 10 едно се договарата, а во 12 веќе не важи. Потоа правите полноќни сеанси, со ДУИ се договаравте да го донесете законот за Министерствата…“