АктуелноЛокалноСтав

Петрушевски: ЗНАМ дека ДПМНЕ и СДС се исти!

  • – Пишува: Влатко Петрушевски – Советник на Левица во општина Ѓорче Петров

За формулата на владеењето на двете најголеми партии сè уште, веќе не се потребни ни џентлменските сто дена влада за да се види нивната идентичност.

Математички прецизно е пресметано дека една третина од гласачкото тело треба да се зачлени во ДПМНЕ, втората третина е веќе отселена од државава, а третата да стане зависна од партијата и да остане класична партиска војска, пешадија по можност.

Овие третиве се за посебна опсервација.

Најголем дел од членството на ДПМНЕ е сè уште невработено и најчесто е со средно образование, па дури и под него. За волја на вистината има и членови со високо образование, но има и добар дел што дипломите ги добиле на “лесен начин” за разлика од чесните кои дипломирале на државните универзитети.

Што се однесува до идеолошката поткованост на членството мал дел веруваат во политиките на актуелниот лидер, обично оние со послабото образование, додека останатите исто малку му веруваат, но се послушни и ја  чекаат својата шанса за да извлечат некаква лична корист.
Невработените членови на ДПМНЕ по правило или не работеле ништо во животот или не сакаат да работат, но се партиски потрчковци за ако затреба или ако треба некоја работа да се заврши. Овие луѓе се најдолго на партиската листа на чекање и ставени во заедничката чекална на која пишува “ќе биде”. Многу мал дел од нив ќе бидат со привремени вработувања додека тие примените “за постојано” ќе треба крваво да одработат за партијата.

Карактеристика на владеењето на ДПМНЕ – СДС – ДУИ – ВЛЕН е практично уценувањето.

Сите овие партиски војници живеат во секојдневно исчекување, внимавајќи на секој чекор, секој потег кој може да ги отстрани од листата на чекање.
Сите овие заедно директно,или индиректно го трујат системот во кој живееме, овозможувајќи на партиите кои се на власт контрола, моќ и најчесто злоупотреба на јавните функции.

На крајот сите овие дипломирани, не дипломирани, привремени, уценети или разочарани треба да знаат дека овој систем нема перспектива на подолг рок.

ЗНАМ дека судбината на СДС го чека и ДПМНЕ, но ВРЕДИ да почекаме!