Апасиев со иронична и остра критика за назначувањето на новите директори

Иронично и кратко, во свој стил, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, кој е порофесор но и собраниски пратеник, со остра критика за одлуките кои се носат на ниво на Влада во земајва. 

– Ама, брат, подруги се овие… Не се ко ДУИ – напиша Апасиев на неговиот Фејсбук профил.

Акцентот на неговиот пост беше ставен на последните кадровски решенија донесени од нова Влада, поточно на фактот дека на челни позиции и разни директорски места се поставуваат роднини на вицепремиерот Изет Меџити. 

Од Левица укажаа дека „непотизмот, наместо професионализмот, се приоритети на коалиција ДПМНЕ-ВРЕДИ-ЗНАМ“.

– За директор на МЕПСО претходно беше назначен Бурим ЉАТИФИ, прв братучед на Изет Меџити. Директорската позиција во ,,НОМАГАС” ја доби Мухамед ЕЛМАЗИ, актуелен советник во Советот на град Скопје од редовите на ДУИ и повторно братучед на Изет Меџити. Непотизмот во енергетските претпријатија не застанува тука, па во текот на вчерашниот ден за член на Управниот одбор на ЕСМ беше назначен Зоран КОЊАНОВСКИ, брат на градоначалникот на Битола – Тони Коњановски – истакнуваат од партијата. 

Потоа укажаа дека “ваквите назначувања, без оглед на квалификациите на кандидатите, ја поткопуваат довербата и создаваат услови за корупција и несоодветно менаџирање на националните енергетски ресурси“.