Левица го поддржа законот за укинување на економските директори на клиниките
- Една од мерките коишто #Левица ја има во својата програма беше укинувањето на економските директори на клиниките! Оваа функција беше воведена од претходната Влада на ДПМНЕ, која што наместо за професионализација, служеше за формирање на паралелен систем за задоволување на економските апетити на коалициските партнери. Во прилог репликата на пратеникот Мециновиќ:
„Апсолутно ќе го поддржиме носењето на овој закон како што најавивме и на комисијата!
Во главно, ова е една мала интервенција во едно море на проблематични околности во здравствениот систем, особено во јавното здравство, кое е целосно девалвирано во времето на политичката трансформација во изминатите години. Тоа значи дека веќе еднаш сме имале функционално здравство и низ низа погрешни чекори, го имаме донесено до ова дереџе!
Конечно, кога ќе влеземе во една фаза на потполна рехабилитација на здравствениот систем, тоа и неизбежно ќе дојде во колизија со приватниот интерес во здравството.
Една од централните обврски на државата како апарат е да обезбеди квалитетен здравствен систем, дури би рекол и бесплатен! – Затоа што, кревкоста и слабоста на луѓето не смее да биде мотив за остварување профит.“