80 години македонска држава

Денес, пред Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце, на 80 години од одржување на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија, на кое беше конституирана и основана државата Македонија, делегација на #Левица составена од пратениците Борислав Крмов, Сашко Јанчев и членот на ЦК, Виторио Зафировски – положија свежо цвеќе во чест на македонските револуционери кои ги дадоа своите животи за создавање македонска држава и за слобода на македонскиот народ.

✊АСНОМ е круната на Народноослободителната борба во која македонскиот народ, следејќи ги илинденските борбени традиции од 1903, успеа да го оствари својот вековен сон за формирање на своја држава Македонија.

🇲🇰Споменот на двата Илиндена е жив кај македонскиот народ и тоа е водечкиот идеал на чиј основ македонскиот народ ќе си ја спаси и зачува Републиката.

АСНОМ ЖИВЕЕ! ДА НИ Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА!