Изложба на Бабак Хаги во Галерија Сули ан
На 10 јули (среда) со почеток од 20 часот во Уметничка академија, Галерија Сули ан, во склоп на Фестивалот за алтернативна фотографија Зрно, ќе биде отворена изложбата на Бабак Хаги.
„Македонија и Иран споделуваат многу заеднички културни аспекти, од времиња пред пишаната историја, но тие врски се речиси раскинати во модерното време. Така, носиме визуелна врска, од, во наше време, егзотичен Техеран. Јазикот на телото е разбирлив за сите, а фотоните ќе танцуваат – Истражувајќи ги неискажаните длабочини на човечкиот идентитет, изложбата на Бабак Хаги нурнува во тоа како говорот на телото ги надминува родовите граници, откривајќи ги скриените привлечности и суштината на нашето вистинско јас“ се вели во најавата за изложбата.