АктуелноЛокално

Градот Делчево веќе 4-ти ден без вода-одговорност мора да има!

  • Реакција на Левица-Делчево

Фирмата-изведувач (неофицијално никој не знае која фирма од многуте) на работите во кои градот Делчево остана 4 дена без вода според информациите е од Косово. Дали има одобрение за работа на македонско тло и кој го издал тоа одобрение, кој и како го дозволил треба да одговорат надлежните кои се исто така одговорни за ситуацијата во која се наоѓаат жителите на градот и околните места .

ЈКП “Брегалница” Делчево, координатор-менаџерот, надзорот на проектот, и надлежните од Општината треба да одговорат дали воопшто добиле динамички план од изведувачот и за кога е предвидено реконструкцијата на шахта бр.1 (вентилот кој беспрекорно функционира од 1987година) бидејќи времето на изведбата (во лето) воопшто не одговара за било какви зафати, но и дали тие самите (надзорот и координатор-менаџерот) утврдиле дека имаат набавено делови за ваквиот зафат.

Кој од одговорните во ЈКП “Брегалница”- Делчево дозволил на координатор-менаџер со завршено трет степен средно образование да раководи со проект вреден 8 милиони швајцарски франаци.

Колку е способен координатор-менаџерот да ги утврди загубите и штетата предизвикана од истото врз граѓаните и бизнисот по овој некоординиран зафат на ЈКП “Брегалница” и фирмата-изведувач.

Левица апелира до надлежните државни институции целосна ревизија на овој милионски проект и каква е неговата изведба и законитост.