38-ма Меѓународна ликовна колонија “Св.Јоаким Осоговски”
Реномираната 38-ма Меѓународна ликовна колонија “Св.Јоаким Осоговски” започнува во петок.Во прекрасниот манастирски амбиент од 28 јуни до 6 јули ќе творат 13 уметници од 9 држави.
Учесниците на слободна тема ќе создаваат дела со импресиите од духовноста и природата на инспиративниот манастирски комплекс.Годинава учествуваат: петмина македонски сликари и скулптори и уметници од: Тунис; Мароко; Шпанија; Украина; Словачка; Србија; Бугарија и Северен Кипар.
38 Меѓународна ликовна колонија “Св.Јоаким Осоговски” е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата”.