Крмов го предизвика Мицкоски да даде заклетва без „Северна“

  • Секвенци од говорот на пратеникот од редовите на Левица – Борислав КРМОВ на денешната собраниска Седница за избор на нова Влада:

,,Прво и основно, ова не е мандат на ВМРО-ДПМНЕ ова е мандат на незадоволство! Секогаш кога ќе има лоша влада на СДСМ доаѓа ВМРО и обратно. За жал, мандатаре вам ви се обраќам, уште во страт ретириравте на неколку полиња. Прво и основно ретериравте кај придавката ‘Северна’ и рековте дека сега ќе го изговарате наводно новото име.

Понатаму, го факторизиравте ДУИ. Едно од големите ветувања беше ДУИ ќе иде во опозиција! -ДУИ нема да биде фактор, и кога дојдовме за гласање, значи за Законот за организирање на државната управа, значи ви требаа две третини, седнавте со ДУИ се договоривте!

Понатаму, планирате да ја задолжите државата уште во старт со 1 милијарда евра. Тоа е нечесно, не го кажавте пред граѓаните пред изборите, затоа што знаете колку се граѓаните осетливи на задолжување!”