Симонов: Имаме шанса да ги избереме децата на транзицијата

  • Фејсбук статус на Александар Симонов, член на Президиумот на Левица

Сега имаме избор. Имаме шанса да ги избереме децата на транзицијата кои беа на барикадите изминативе години при секоја неправда. Не премолчија и го исфрлија секое бизнис задоволство на локалната политичка елита од Советите. Влегоа во борба против милионерските аждаи со цел да го зачуваат националниот интерес, и не се плашеа во ниту еден момент да бидат на страната на обесправените и сиромашните, без разлика какви и да беа врз нив притисоците.

Децата, што политички се калеа на експлоататорските работните места, продолжија да се калат на улиците, им влегоа и им го земаа мирот во советите, денес се зрели за народниот интерес петкратно пожестоко да го застапуваат во Собрание.

Овој пат имате можност да го дадете својот глас за новата генерација политичари, ова другото веќе го имате видено!

#Заокружи5