АктуелноЛокално

Левица: Вработените во ЈОУ “Тане Георгиевски” – Куманово трпат мобинг

  • Реакција на Левица – ЛО Куманово

Партиската припадност е клучен елемент за вработување во Општина Куманово и јавните установи која доведува до нефункционален општински систем.

Од неофицијални извори дознаваме дека има судска разрешница, со пресуда на Основен суд Куманово е утврдено постоење МОБИНГ – вознемирување на работно место од страна на директорката на библиотека ЈОУ “Тане Георгиевски”- Куманово врз друга вработена.

За жал постојат повеќе сведоштва дека ова не е единствен случај на негативно однесување на директорката, нејзино газење по достоинството, угледот и честа на вработените кое предизвикува чувство на страв и создава непријатности и понизност на вработените во библиотека.

Директорката е член на “ЗА НАШЕ КУМАНОВО” и е класичен пример дека во случај кога партиска припадност е единствен критериум при вработување во јавни установи води до непрофесионално работење.

Левица – ЛО Куманово бара од градоначалникот Максим Димитриевски надминување на партиски интереси и разрешување на Христина Алексовска од функција директор.