Д-р Митов: Немаме пари за бесплатно лекување на државјани од Косово и Албанија
Докторот Александар Митов се јави со реакција на социјалните мрежи, по објавата на министерот за здравство Фатмир Меџити дека граѓаните на Косово и Албанија ќе се лекуваат со исти цени како и граѓаните на Македонија.
Меџити рече дека дал наредба да се израмнат цените во јавното здравство за државјаните од Албанија и Косово, а Митов реагира дека тоа нема таков капацитет и дека тоа не го прават ниту Сингапур и Швајцарија за своите соседи.
„Дај Боже да имавме толку висок здравствен буџет па да ги лекуваме сите околни земји… Но, немаме. Па дури и Сингапур и Швајцарија не лекуваат граѓани на околни земји. Треба само површно познавање на буџетите на болниците за да се знае каква е реалната состојба. Значи, за некои работи не треба ни анализа за да се види дали се реални и можни. Треба само малку информираност и здрав разум. Но, не само пари, и последниве ги нема…“, напиша Митов на Фејсбук.