АктуелноИнтернационално

ЈАР ќе одржи заеднички поморски воени вежби со НР Кина и Русија во Индискиот Океан

Јужноафриканската Република ќе одржи заеднички поморски воени вежби со НР Кина и Русија во Индискиот Океан од 17 до 27 февруари во околината на Дурбан.

Вежбата наречена Моси („чад“ на Свахили јазикот), наиде на осуда од Западните центри на моќ. Првата вежба од овој тип се одржа во 2019 година во околината на Кејп Таун.

Западните аналитичари тврдат дека со овој гест Јужна Африка сака да покаже дека не припаѓа на анти-рускиот фронт на држави и дека нема да воведе санкции против Русија.

Ориана Скајлар оцени дека претстојните вежби организирани од Јужна Африка го демонстрираат „потенцијалот за соработка меѓу Русија и НР Кина во Индискиот Океан. Според неа ова покажува дека двете морнарици претставуваат многу поголема закана за доминантното влијание на САД во овој регион.

Русија и НР Кина постепено го зголемуваат своето присуство во Индискиот Океан, Русија се подготвува да ја отвори својата прва поморска база во Африка, односно во Судан.