АктуелноЛокално

Крајевски: Републиката не е безгласна буква

  • Пишува: Јован Крајевски – член на Презедиумот при политичката партија Левица

Мицкоски е заложник на Левица. Следствено, Мицкоски е заложник на народот и тоа е добра работа.

Работничката класа, од која се состои 99% од електоратот во Републиката, е изречно против внесување на Бугарите во Уставот. Единствениот начин како својата воља да ја изрази во политичкиот ринг со останатите буржујски партии е посредувано преку своја политичка партија, која не е финансирана од олигархијата и не е во рацете на странските амбасади.

Пред Левица да стане парламентарна партија, гласот на обичниот работник беше бесчуен. Тоа го потврди и потпишувањето на Преспанскиот договор, по кој следеа и Уставните измени за промена на името на Македонија. Мицкоски, кога не беше заложник на политичката воља на народот, не го бојкотираше референдумот за промена на името, а подоцна дозволи и 8 пратеници да му се одемтнат и да гласаат за Уставните измени.

Тоа што Мицкоски е заложник на Левица, а со тоа и заложник на работничката класа, е чекор кон повисока демократизација на општеството. Затоа што конечно огромното мнозинство на работници во Републиката не е безгласна буква во политиката и својата политичка воља успешно ја изразува преку своја автентична, работничка и левичарска партија.