АктуелноЛокално

Нема детско одделение во Општата болница Охрид

  • Фејсбук статус на Јанко Илковски – новинар

Пишувам од Охрид, град во кој детско одделение при Општата болница – нема. Замислете само што прават жителите на градо, кога имаат потреба од педијатар.

Еве ќе Ви кажам:

Од петокот секој ден одам со моето дете во одделение за детски болести во Струга. Детето има температура која не спаѓа, па на секое нагло покачување палам колата, некогаш одам со четири трепкачи на автомобилот за да стигнам што поскоро. Нешто што секој родител би го направил…20км не се многу, но некогаш се како да ја одите цела држава пеш, зависно од сериозноста на ситуацијата.

Денес, после 20 пати возење на истата релација, за три дена, зашто поинаку не може, ме застанува полиција за пречекорување брзина од 30км, (треба 60км сум возел 90км) и за истата добивам казна од 300 евра. Аферим. Во право се. Им објаснувам на полицијата дека брзината не е од бес, ама џаба везам. Ми ги земаа документите и ми велат: “Оди до детско и врати се за казната.Ок.

Ај што не се кадарни да најдат медицински кадар за нашите деца, туку за нивната некадарност и барање основна помош која државата не ни ја овозможува во 21 век, ние сме дури и казнети. Да се обратиме нема никаде, затоа што дали од бес или од потреба навистина, ти си крив.

Ама троа појке се криви и оние кои дозволија да ризикуваме животи по недопрени и ископани патчиња – зборувам за Охрид Струга,делница позната како дел од автопатот Охрид-Кичево. Би сакал истово да стане јавно, со ваша и секако сечија друга помош.

Благодарам.

(идентитетот и оригиналното писмо е во моја архива)