Апасиев: Каде испогреши неукиот силеџија Талат Џафери при одбивањето на иницијативата за референдумот?
Пратеникот и Претседателот на политичката партија проф. Димитар Апасиев даде свој коментар на случувањата поврзани со Талат Џафери и одбивањето на иницијативата за референдум која беше доставена до Собранието на Република Македонија.
- 1. Спикерот не е надлежен да се впушта во мериторно оценување на иницијативата за распишување референдум, туку може само да ја цени нејзината „УРЕДНОСТ“ од формално-правен аспект.
- 2. Спикерот не може сам, без претходно МИСЛЕЊЕ од две собраниски комисии, да одлучи за уредноста на иницијативата.
- 3. Спикерот, доколку смета дека иницијативата е неуредна, прашањето го префрла на ПЛЕНУМОТ на Собранието, поради тоа што само тоа има уставна и материјална надлежност да цени дали истата ќе продолжи или ќе запре.
- 4. Единствено СОБРАНИЕТО (на пленарна седница), а не спикерот, е надлежно да одлучи ad meritum за уредноста на поднесената граѓанска иницијатива – преку носење на подзаконски правен акт наречен „Заклучок“ (а не „Известување“). Дури тогаш можеш да го известиш подносителот!
- 5. Толкувањето дека Уставот не дозволува менување на ратификуван меѓународен договор се однесува исклучиво само на МУЛТИЛАТЕРАЛЕН ДОГОВОР, а никако на билатерален! Argumentum a fortiori, дури и Влада, а комоли пак Собранието, може да го раскине овој договор со Бугарија.
- 6. Со овој ultra vires акт на самоволие, кога спикерот се става во положба на уставен судија, сторил кривично дело „СПРЕЧУВАЊЕ НА ИЗБОРИ И ГЛАСАЊЕ“ казниво по чл. 158, ст. 1 од Кривичниот законик, со запретена затворска казна од минимум три години (за што правниот тим на Левица ќе процесира соодветна пријава во ОЈО).
- 7. Кој ти беше правен советник во случајов (Јетон или друг), нека ти ги врати ПАРИТЕ, оти нема појма од животот!
- 8. Можно е да те бомбардираме и со сто други иницијативи, со различни референдумски прашања, од типот: „Дали сте за тоа бивши амнестирани терористи да можат да извршуваат највисоки државни функции во Република Македонија?“…