Конзулатот на Руската Федерација на Широк Сокак од вчера официјално затворен
–Фејсбук статус на Бојан Птеровски
На сликата е просторијата на веќе поранешниот Почесен конзулат на Руската Федерација на Широк Сокак, кој од вчера официјално е затворен…
Во меѓувреме, во Битола генерални конзулати имаат Грција (држава која за само неколку децении, почнувајќи од пред 109 години, уби и протера над милион Македонци од Егејска Македонија), и фашистичка Бугарија (уште една држава која нѝ направи илјадници зулуми на нас Македонците, и која до ден денешен нѐ негира и сака да нѐ асимилира). Тие не сметаат, тие држави се океј, ама Русија дека води војна на илјадници километри настрана од Македонија сметало. И уште полошо, во Битола и Охрид најнормално си функционираат ,,клубови” со имиња на Хитлерови соработници, и тоа е проевропски и не смета, ама сѐ што е руско смета.
Ова русофобие од глава ќе им се удри на оние кои го шират. Поштетна и полоша власт досега Македонија немала, а колку подолго останва СДС на власт, толку полошо ќе биди за нас Македонците. Резили невидени.