АктуелноЛокално

Гир се закани: Ако не го смените Уставот, нема отварање на преговорите со ЕУ

Eвроамбасадорот Дејвид Гир во неделното интервју на Радио Слободна Европа и најави на Македонија дека меѓувладината конференција за отпочнување на преговорите со Европската Унија ќе се случи само доколку државата го промени Уставот по бугарска мерка.

Одржувањето на таа меѓувладина конференција зависи од овој билатерален договор меѓу двете засегнати земји. Секако, тоа е суверена одлука за Македонија да го смени Уставот, иако веќе имате добар учинок во меѓуетничките односи и ова понатаму само ќе го дефинира тоа. Но, што ќе се случи ако не оди напред. Мислам дека најверојатното сценарио ќе биде преговарачкиот процес да запре таму.

Во текот на интервјуто евроамбасадорот спомена дека многумина се загрижени за националниот идентитет на државата, а за првпат претставник на ЕУ го користеше терминот „бугаризација“.

За време на консултациите и јавната дебата во однос на отворање на преговорите за членство и овој договор имаше многу емоции, многу загрижености за националниот идентитет. Луѓето велеа националниот идентитет ќе биде ставен под сомнеж. Дали ова ќе биде како што некои рекоа бугаризација на земјата преку процесот за членство. Повторно, ние сите така ги слушнавме лидерите на Европскиот совет, претседателот на Европскиот совет, претседателот на Европската комисија. Двајцата клучни играчи во процесот за членство.