АктуелноЛокално

СДСМ и ДУИ најдоа начин за приватизација на „Колоска“ – УЈП го распродава имотот на фабриката

Вадата на СДСМ и ДУИ во 2018 година најави дека бараат консултанти за продажба на повеќе државни загубари, меѓу кои и единствената фабрика за шински возила во државава – „Колска“ за која уште тогаш најавија заинтересиран инвеститор.

Имено, Управата за јавни приходи (УЈП) донела решение за присилна наплата од недвижности на велешката фабриката за шински возила „Колска“ за долг од 37,7 милиони денари (околу 600.000 евра) што фабриката го има за неподмирени даноци. Во списокот за присилна наплата се наведени голем број деловни објекти што ги има државната компанија.

Од синдикатот под чија закрила се работниците од фабриката велат дека УЈП санкционира државно претпријатие (државата) заради не плаќање на даноци, а државата не плаќа даноци. Според информациите најголем дел она што бара УЈП да се наплати, се однесува токму на даноци.

УЈП објави извештај кој се однесува за долгови доспеани до 31.3.2022, а ненаплатени до 30.6.2022 година, велешката Фабрика за шински возила должи 35,9 милиони денари (584.000 евра) за неплатено ДДВ и 665.708 денари (10.800 евра) за наплатен данок на добивка. Тие велат дека постапуваат согласно законите.

Работниците од фабриката вчера излегоа пред УЈП,Тони Арсовски, претседател на синдикален огранок „Колска“ изјави:

Слушнавме изјава од вицепремиерот Битиќи дека раководството на „Колска“ е виновно за состојбата во која се наоѓаме. Но, истото тоа одамна ни е речено и на нас. Ние не слушнавме кој е излезот од ваквата состојба. Вчера ни кажаа дека ќе ни ги продаваат објектите. Така ќе почне распродажба – дел по дел, работниците ќе останат на улица, а ние ќе сервисираме шински возила во странство.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за ТВ24 изјави дека „за денешната ситуација со ‘Колска’, одговорност треба конечно да сносат управителот и одговорното раководство во компанијата“.

Откако уште во 2018 година Вадата на СДСМ и ДУИ најави приватизација на единствената фабрика за шински возила во државава – „Колска“, УЈП денес отпочна со спроведување на тоа. Тие ќе ја распродаваат фабриката дел по дел, а вицепремиерот Битиќи вели дека државата не е виновна за тоа.