Апасиев: 300 милиони евра годишно за НАТО и после нема за градинки и амбуланти – Е па нема
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев во свој стил на социјалните мрежи постави прашање: како тоа во државата нема пари за социјални политики, градинки и амбуланти, а истовремено се издвојува 2% од БДП (или околу 300 милиони евра) секоја година за членството во НАТО.
300 милиони ЕУР годишно за НАТО! И после немало за градинки, пожарни и амбуланти… Е па, нема де. Шо е тука чудното!? Нато фундаментализам, – напиша Апасиев.
Дополнително, надвор од овие буџетски средства, Владата дополнително одвојува пари за купување на вооружување од НАТО, односно од стратешкиот партнер САД.
Оваа константа на однесување се случува и сега, во услови на економска и енергетска криза, кога инфлацијата секојдневно им го јаде домашниот буџет на граѓаните, а се поголем е и бројот на луѓе кои живеат во екстремна сиромаштија.
Неговиот став го поддржа и Реџеп Исмаил, кој споделувајќи ја објавата на Апасиев додаде:
Срамно е тоа како: ниту т.н. Зелени во власта, ниту оние само-декларирани социјал-демократи, анти-милитаристи, ниту ова уметнициве пис-лав, никој ни да зуѕне за тоа дека македонската влада секоја година троши огромни средства за НАТО.