Маршот на Левица во име на Гоце Делчев пристигна во Скопје
Вечерва, околу 19 часот, членовите на Левица од Велес, Гевгелија, Битола и Скопје пристигнаа до вечното почивалиште на великанот на македонската револуционерна борба – Гоце Делчев, по тридневниот марш во негова чест.- Соопштија од Политичката партија Левица.
Иницијаторот на овој марш Саше Јанчев, кој минатата година за првпат го започна од својот роден град Гевгелија во објавата споделена на фејсбук напиша:
„Втор по ред, тридневен марш за Гоце, по изодени 152 километр за 35 часа.
За разлика од лани годинава не бев сам. Сега имаше три чети. Една гевгелиско-велешка, една битолска и една скопска. Се тргна од два правци, од Гевгелија и од Битола. Скопската чета се придружи пред Скопје. А имаше и пречек од еден куп другарки и другари. Здравје наредна година помасовно и од повеќе правци од Македонија.
Учителе,
Пред тебе во Македонија населението беше делено на различни табори задоени со меѓуплеменска омраза од завојувачките пропаганди на балканските државички. По тебе имаше духовно издигнување. По тебе има МАКЕДОНСКИ НАРОД кој сака СВОЈА САМОУПРАВНА ДРЖАВА МАКЕДОНИЈА која ќе ги помири балканските државички, која ќе биде лепак за нивно сојузување и која ќе направи од нив поле за културен натпревар, а не шаховска табла на Големите сили.
Генерациите пред нас следејќи го твојот пат создадоа држава, а сега наш е редот да продолжиме.
Вечна ти слава Учителе!“
Од Левица соопштија дека на дочекот присуствуваа претставници од високото партиско раководство, како и од членството, за заедно сите да оддадат почит кон македонскиот револуционер.