Украинските вооружени сили држат седумнаесет деца како заложници во Донбас!
„Украинските сили држат околу седумнаесет деца како заложници во градот Славјанск во областа Доњецк и планираат насилно да ги одведат во непознат правец“, предупреди штабот на територијалната одбрана на Доњецката Народна Република (ДНР).
Како што се наведува, штабот на ДНР бил контактиран од жителите на ослободените населби Мирноје, Гранитноје и Староигнатјевка од каде ја добил ваквата информација.
Според нив, на 20 февруари во одморалиштето Свјатогорск биле испратени вкупно седумнаесет, и сега тие, од страна на украинските воени формации се користата како жив штит и уцена кон силите на ДНР.
„Децата, како што ги известија своите родители при денешниот телефонски разговор, моментално се во Славјанска. Тие изјавија и дека нивна принудна евакуација во непознат правец е планирана денеска во два часот по киевско време (еден час по средноевропско време)“, прецизираа од штабот на ДНР, барајќи итно враќање на децата кај нивните родители.