[Видео] Обезбедување на премиерот се заканува на советник на опозицијата дека “ќе го убие”

Date:

На видео кое беше доцна објавено вечерва, се слушаат тензии и расправи во струмичко Ново село. Како што се наведува во самата објава, станува збор за закани на обезбедувањето на премиерот Зоран Заев кон советник на опозицијата во Ново Село. Во видеото се слуша дека има сведоци како со смрт се закануваат.

Според информациите од терен, вечерва во Струмица постојано врши патрола заменик-началникот од Струмица заедно со обезбедувањето на премиерот. Кога се случил настанот, обезбедувањето било во придружба на познати локални ликови од струмичкото подземје. Иако полиција подоцна пристигнала на лице место, никакви мерки не биле преземени против лицата коу се заканувале.

Ова е само дел од насилствата кои се случуваат од страна на власта во изминатиов период. Претходно, активисти на кандидатот за градоначалник за Куманово, Максим Димитриевски, објавија комуникација од вибер група каде членови на владејачката партија разменуваат пораки со закани за тепање и насилство кон тимот на Димитриевски.

Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...