Националниот институт за демократија бара засолништа за бегалците од Авганистан
По неуспешната мисија на САД и нивните партнери, да го „стабилизираат и демократизираат“ Авганистан. Конфликтот во кој учествуваше македонската армија доби нови димензии. Моменталната негова ескалацијата е директна последица на погрешните политики предводени од Вашингтон а приследувани од Скопје како и многу други центри во изминатите дваесет години. За погрешните политики очигледно „цехот“ мора да се плати.
Неминовна е ситуацијата дека конфликтот во Авганистан носи нов бран на бегалци, кои транзитираат, ќе се задржат или можеби трајно ќе останат на Балканот. За ова прашање премиерот Заев изјави дека веќе „ги информиравме нашите стратешки партнери САД дека стоиме на располагање да помогнеме“. Овој политички чин уште еднаш покажа на колку погрешна основа се гради македонската надворешна политика, исфрлувајќи го на површина слугувањето на домашната елита кон Западните вазали.
Сојузништвото со империјалистичките сили и нивното помагање уште еднаш ја принудува државата да прими (можеби и трајно) бегалци од Авганистан, ставајќи нè во подредена позиција и без избор. Ова е еклатантен пример за тоа како НАТО наместо безбедност ни носи бегалци и веројатно дополнително нарушување на и онака непостоечката внатрешна хармонија.
По најавеното прифаќање на бегалците од страна на Заев, Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска информираше дека Националниот институт за демократија побарал привремено засолниште на 200 други лица од Авганистан, бројка што се додава на претходно потврдените 186 лица од Авганистан чие засолниште го објави Владата. Османи нагласи дека главно се работи за жени и деца, додека додаде дека МВР и Министерството за надворешни работи работат на списоците за бегалци.
„Меѓутоа, со оглед на тоа што бројот на летови од Кабул е значително ограничен, не можеме точно да кажеме кога овие цивили би пристигнале во земјата, но потоа ќе бидат третирани според внатрешните правила и ќе бидат сместени во објектите што ќе им бидат обезбедени “, рече Османи.