Левица – Карпош: Во Горно Нерези продолжува да се гради див водовод

Date:

Изградбата на див водовод наменет за новите хациенди во Горно Нерези ги револтираше тамошните жители.
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – Карпош.


„Повеќе од два месеци Општина Карпош е без одговор на барањето доставено од страна на советникот на Левица во Општина Карпош, Бранко Ристов, по однос на градежните активности кои се одвиваат во Горно Нерези. До Левица Карпош пристигнаа бројни реакции од тамошните жители, кои тврдат дека се гради див водовод наменет за новите хациенди кои се градат во тој дел од Општината.

Левица достави барање за одговор за тоа дали истиот овој водовод се гради согласно сите законски прописи и ги има добиено сите дозволи и дали Општина Карпош досега има направено увид на лице место врз основа на пријава на граѓаните или пак по службена должност?

Во меѓувреме градежните активности се интензивираат. При тоа направена е голема штета на целата инфраструктура и природа. Голем дел од патот е оштетен и претставува опасност за сообраќајот, а необележаните ископини се закана за безбедноста на планинарите.”



Share post:

Subscribe

spot_imgspot_img

Popular

More like this
Related

Мизар – Звукот на историјата ќе продолжи да резонира во 2025

Интервју со Пеце Китаноски, басист на легендарниот македонски рок...

Ацо Шопов – Еден век поетска величина

Денес се одбележуваат 101 година од раѓањето на Ацо...

Левица: Со 58 пратеника ДПМНЕ клекна пред ВРЕДИ и ДУИ и го повлече Законот за интонирање на химната

Откако ДПМНЕ со фанфари најавуваше интонирање на македонската химна...