АктуелноИнтернационално

Се почесто палестинските деца се жртви на израелските одбрамбени сили

Палестински деца на возраст од 7 до 12 години беа насилно уапсени од вооружени и маскирани израелски војници. Израелската армија наречени „Израелски одбранбени сили“  се користи за тероризирање на деца едноставно затоа што “им се може“.

Про-Израелците „скокнаа“ во одбрана на војниците, тврдејќи дека децата „краделе“ приватен имот, со што речиси и не покажаа сочувство за ситуацијата во која се најдоа децата. Всушност, децата собираа аккуб (бодлив див цвет), кој е главната состојка за палестинското традиционално јадење со исто име како и цветот. Нивното „злосторство“ било во близина на илегалната израелска населба Хават Миун на југот на Хеброн. Апологетите на израелската агресија тврдеа дека инцидентот не е прецизно прикажан и дека децата се носени во блиската „станица“, пред да бидат пуштени на своите родители. 

Пред не цел месец имаше сличен ваков настан кога пет палестински малолетници биле физички нападнати и претепани од страна на израелски војници за време на испрашувањето и притворот, соопшти палестинската Комисија за притвореници. Прашањето е дали ќе се однесуваа така доколку децата беа евреи?

Зад заробувањето на децата од страна на израелските војници, стои и други проблеми со кој се соочуваат палестинците под израелска окупација. Зголемен е бројот на напади од илегални доселеници кои ги користат „Одбранбените сили“ како штит. Едноставно кажано, насилството од страна на доселениците е во пораст, потпомогнато и поддржано од израелски војници. Многу често се напаѓани цели кои се симболични за народот на Палестина и суштински дел од економијата, како што е маслиновото дрво. Не само што Израел како држава исече повеќе од милион маслинови дрвја на окупираните територии, туку и доселениците редовно ги сечат и палат дрвјата како начин на напад врз егзистенцијата на Палестинците, со цел да ги истиснат од нивната земја.

Ова е потврдено со извештајот на израелската организација за човекови права Б’Тселем, во кој прашањето за насилството од страна на  доселениците се врамува како „насилство на доселениците поддржано од државата“. Б’Тселем повтори дека, според меѓународното право, Израел има должност да ги штити Палестинците на Западниот брег од вакво насилно однесување. 

Илегалните доселеници не само што се охрабрени, туку и полуформално поддржани од страна на Израел дека нема да се соочат со никакви последици од малтретирање и напади врз Палестинците. Во два наврати, неодамна, озлогласениот и целосно вооружен израелски доселеник Зви Бар Јосеф беше охрабрен да им нареди на палестинските семејства да ја напуштат својата мирна локација. Во првата пригода тој беше придружуван од војници кои наредија палестинско семејство да ја напушти територијата. Фактот дека овие палестински семејства беа израелски државјани не направи разлика во исходот што значи „еднаквост“ во апартхејдот Израел.

Доселениците редовно вршат притисок напаѓајки ги палестинските села во текот на ноќта, шкртаат sидови и автомобили со антипалестински графити. Нелегалното столбче на Јицар е жариште на омраза, дом на млади израелски доселеници кои сметаат дека нивна животна мисија е да го направат животот на Палестинците што е можно пострашен. 

Насилството од доселениците не е ограничено,  оштетување на имотот или телесни повреди врз Палестинците се секојдневни. Во 2015 година, Амирам Бен-Улиел, израелски терорист, ја бомбардираше куќата на семејството Давабшех во селото Дума во близина на Наблус, убивајќи го 18-месечниот Али, а неговите родители Рихам и Саад ги запали, за кратко тие им подлегнаа на повредите. Четиригодишниот Ахмад преживеал со тешки изгореници. Бен-Улиел со спреј напиша  „Одмаздата“ и „Да живее кралот Месија“ на ѕидовите на Давабше и на уште еден дом во селото.

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се закани дека ќе анектира огромни делови на палестинска земја минатата година. Додека заканата од „де јуре“ анексија е суспендирана за да се дозволат договори за нормализација со некои арапски држави, меѓу Израелците, особено фанатичните доселеници, останува верувањето дека целата земја меѓу реката Јордан и Средоземното Море им припаѓа на нив. Ова дополнително ги охрабрува доселениците да ги тероризираат Палестинците во обид да ги натераат да ги напуштат своите домови и земјиште. Окупаторската држава Израел ја игнорира својата законска обврска да ги штити луѓето под окупација, меѓународната заедница практично е соучесник во ова, бидејки под вакви околности треба да воведе санкции за Израел сè додека не ги исполни обврските кои произлегуваат од Меѓународното воено право.