Тони Димитров и Мартин Георгиевски со жив настап на 24 часовниот концерт ToBe Continued 2021
ToBe Continued се враќа на Светскиот ден на туберкулозата, кој се одбележува во среда на 24 март 2021 година. ToBe Continued е оригинален концерт во траење од 24 часа (од 00 часот, па се до полноќ на 24 март, GMT + 1), за време на кој музичари од многу земји ширум светот ќе бидат поврзани со веб-страницата што ќе ги емитува нивните концерти. За време на овој непрекинат 24-часовен звучен маратон секој музичар има на располагање 30 минути за да создаде звуци и ритми што ќе се движат низ различни музички текови.
Музичарите кои ќе настапат се од различни земји, вклучувајќи ги сите 5 континенти, создавајќи симболична турнеја низ светот со 48 постојки. Меѓу нив се и звучните артисти Тони Димитров и Amplidyne Effect (Мартин Георгиевски) кои со своја импров сесија како претставници од Македонија ќе го обогатат овој настан.
Секој кој има достапна интернет-врска, може да го слуша ToBe Continueued со едноставно поврзување на веб-страницата www.stazioneditopolo.it.
Настанот, кој во целост ќе го покрие целиот Светски ден на туберкулозата на 24-ти март, е координиран од Антонио Дела Марина, музичар и композитор на компјутерска музика и од Морено Миорели. Иницијативата е под покровителство на Глобалниот здравствен инкубатор, „лабораторијата“ основана во јули 2009 година од страна на д-р Марио Равиглионе, денес редовен професор по глобално здравје на Универзитетот во Милано, со цел да се создадат врски помеѓу светот на креативноста и оној на науката.
* * *
Туберкулозата како заболување денес се лекува. Благодарение на стратегиите во последните децении, консолидирани со сите достапни иновации во познатата „Стратегија за крај на туберкулозата“, иако бавно, инциденцата и смртноста на туберкулозата се намалија. Сепак, туберкулозата е сè уште една од првите 10 причини за смрт во светот и водечка причина за смрт од заразна болест со своите 4300 жртви секој ден. За разлика од она што многумина мислат, туберкулозата е сè уште значаен проблем дури и во богатите земји, каде што предизвикува страдања и смртни случаи. Настанот е овозможен благодарение на соработката со Центарот за култура на Универзитетот во Клагенфурт, која ќе обезбеди можности за координација на концертите.