АктуелноЛокално

Левица: Дневниот центар за деца од улица преживува од донации – Владата ги запрела средствата

Опозициската партија Левица обвини дека Дневниот центар за деца од улица во Шуто Оризари е оставен без државна поддршка и веќе пет месеци опстојува исклучиво благодарение на донации од граѓани и хуманитарни организации. Според партијата, Министерството за труд и социјална политика, предводено од Љибан Лимани, ги прекинало финансиските трансфери за Центарот, доведувајќи го неговото функционирање под сериозен ризик.

„Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ наместо да го решава проблемот со питачењето, ги отсече средствата на единствениот Центар кој згрижува деца од улица. Децата кои таму добиваат оброк, облека и едукација сега се оставени на милост и немилост на улицата,“ стои во соопштението од Левица.

Партијата предупредува дека, доколку не се врати државната поддршка, децата згрижени во Центарот би можеле повторно да завршат на улица. Во моментот, Центарот обезбедува топол оброк, образовни активности и основна грижа за најранливите деца во општеството – функција која државата, според Левица, целосно ја препуштила на невладини организации.

„Во цела Македонија постојат само два вакви дневни центри. Државата нема свои институции за системско згрижување на децата од улица, што е поразен факт сам по себе,“ нагласуваат од Левица.

Од партијата упатија директен повик до министерот Лимани веднаш да преземе мерки за решавање на проблемот и враќање на финансиската поддршка за Центарот, за, како што велат, „децата да не бидат жртви на политичката негрижа“.

Досега од Министерството за труд и социјална политика не е излезено со официјален став по ова прашање.

Целото соопштение на партијата во продолжение: