АктуелноЛокално

Левица: Дали министерот Тошковски бил омилен адвокат на разрешениот началник на СВР Штип?

Партијата Левица денеска упати остри обвинувања кон министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, алудирајќи на можно прикривање на одговорност за трагедијата во дискотеката во Кочани, каде што настрадаа неколку млади лица.

Од Левица тврдат дека до нив пристигнале информации за блиски лични и професионални релации меѓу Тошковски и Дејан Салтировски, поранешниот началник на СВР Штип, кој бил службено одговорен во времето на трагичниот настан. Според соопштението, Салтировски во минатото наводно им нудел полномошна од адвокатот Панче Тошковски на полицајци, додека работел во граничната полиција, што отвора сомнежи за евентуално координирано делување и злоупотреба на службена положба.

„Дали Тошковски преку Салтировски бил дел од шема за испумпување пари преку спорови со МВР?“ – прашуваат од Левица, потенцирајќи дека и покрај разрешувањето на Салтировски, тој е вратен на работа без да му биде отворена било каква дисциплинска или кривична постапка.

Партијата поставува и конкретни прашања до министерот:

  1. Дали во минатото застапувал судски спорови против МВР преку Салтировски?
  2. Дали лично ургирал за доделување на безбедносен сертификат на Салтировски?
  3. Што правеле Салтировски и неговиот кумашин – тогашен помошник-началник во СВР Штип – еден час пред трагедијата во Кочани?

„Министерот Тошковски, наместо да бега од прес-конференции, треба јавно да ги одговори овие прашања“, се наведува во соопштението на Левица, кое завршува со критика дека и по два месеци од трагичниот настан, ниту еден висок функционер не е повикан на одговорност.

Партијата најави дека ќе продолжи да бара одговори од институциите и дека нема да дозволи трагедијата да остане без разрешница.

Целото соопштение на партијата во продолжение: