АктуелноЛокално

Црвениот крст на Србија донира над 15 милиони динари за повредените во трагичниот пожар во Кочани

Црвениот крст на Србија донираше вкупно 15.301.434 динари за помош на повредените и нивните семејства по катастрофалниот пожар што се случи на 16 март во дискотека во Кочани, Македонија, во кој загинаа 62 лица, а околу 200 беа повредени.

Во соопштението објавено денеска, хуманитарната организација информира дека веќе на крајот на април на сметката на Црвениот крст на Македонија биле префрлени 10.004.000 динари, што изнесува околу 85.178 евра. Останатите 5.297.434 динари ќе бидат исплатени во текот на наредната недела.

„Црвениот крст на Србија изразува длабока благодарност до сите граѓани кои се вклучија во акцијата. Уште еднаш, покажавме дека солидарноста, хуманоста и емпатијата не познаваат граници“, се наведува во соопштението.

Пожарот во ноќниот клуб во Кочани претставува една од најтешките цивилни трагедии во поновата историја на Македонија. Покрај 59 жртви на самото место, тројца тешко повредени подоцна им подлегнаа на повредите во болнички услови, а над 200 се повредени. Истрагата за причините за пожарот и евентуалната одговорност сè уште е во тек.