Владата со глад за луксуз, Кочани без основни услови за лекување
„Јас мислев од Влада набавиле специјализирана када за болницата во Кочани, кога тие со чаден лосос и морска храна се занимавале…“
Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, со ироничен, но многу јасен коментар на социјалните мрежи, ја разобличи моралната изопаченост на владејачката елита.
Додека преживеаните од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани се лекуваат во срамни услови – без специјализирана опрема, хигиена или елементарна грижа – Владата на Република Македонија очигледно има поважни приоритети. Не човечки, не здравствени, туку гастрономски.