АктуелноЛокално

Левица: Нова дивоградба во центарот на Струга – институциите не реагираат

Локалниот огранок на Левица – Струга алармираше за нов објект што, според граѓаните, незаконски се гради во самиот центар на градот – на плоштадот, веднаш до Споменикот на револуцијата.

Објектот, кој се наоѓа на јавен простор во рамки на струшката чаршија, се појавил без никакво јавно достапно одобрение или најава, што предизвика сериозна загриженост кај локалното население. Граѓаните реагираат дека ова е уште еден во низата случаи на урбанистички хаос кој го загрозува историското и културно јадро на градот.

Од Левица – Струга посочуваат дека чаршијата станала симбол на дивоградби и урбанистички безредие, додека надлежните институции – како општинските инспектори и полицијата – остануваат пасивни.

„Ги повикуваме инспекциските служби на Општина Струга и Министерството за внатрешни работи итно да излезат на терен и да утврдат дали објектот претставува уште една дивоградба, изградена без дозвола и противзаконски“, стои во нивното соопштение.

Левица апелира до јавноста и граѓаните на Струга да останат будни и активно да се спротивставуваат на ваквите појави, кои го нарушуваат јавниот простор и го поткопуваат владеењето на правото.

Целото соопштение на огранокот во продолжение: