АктуелноИнтернационално

Во Буркина Фасо никој не е над законот: Казна за сообраќаен прекршок – чистење на канализација!

Во Буркина Фасо, властите воведоа уникатна и строга мерка за справување со сообраќајните прекршувања: сите фатени во прекршок ќе бидат казнети не само со парична глоба, туку и со веднаш спроведено чистење на уличната канализација.

Без исклучоци, без мито и без прашања од типот „знаеш ли кој сум јас?“, прекршителите се спроведуваат директно до најблискиот сливник или шахта, каде мораат да учествуваат во негово расчистување и одзатнување.

Овој радикален потег доаѓа како дел од иницијативата на претседателот Ибрахим Траоре, кој е решен да воведе дисциплина, ред и отчетност во земјата. Според него, казните мора да бидат видливи, директни и еднакви за сите.

„Ова е порака до секого: нема повластени, нема неприкосновени. Сите сме еднакви пред законот,“ велат официјални извори од владата.

Мерката предизвика големо внимание и во остатокот од африканскиот континент, каде многумина ја поздравуваат како пример за практична и симболична борба против корупцијата и беззаконието.

„Африка, дали гледаш? Вака се гради држава,“ гласи една од пораките што кружат на социјалните мрежи, заедно со видеа и фотографии од прекршители со метли во рака – во каналите на Уагадугу.